Белата куќа разгледува план за казнување на членките на НАТО за кои претседателот Доналд Трамп верува дека не им обезбедиле доволна помош на САД и Израел за време на војната со Иран, потврдија претставници на администрацијата за „Волстрит џурнал“.
Предлогот вклучува преместување на американските трупи од земјите за кои се смета дека не придонеле доволно за воените напори кон оние кои покажале поголема поддршка.
Планот, кој доби поддршка меѓу високите функционери во последните недели, е сè уште во рана фаза, но е еден од неколкуте начини на кои Белата куќа сака да ја казни алијансата.
Сепак, тој е многу поблаг од неодамнешните закани на Трамп целосно да ги повлече САД од НАТО, што тој нема законско овластување да го стори без одобрение од Конгресот. Планот, исто така, го нагласува растечкиот јаз меѓу администрацијата на Трамп и нејзините европски сојузници по одлуката за војна со Иран.
