Расте стравот во Германија по нападот во Хамбург

Од:

Опожарувањето на весникот „Хамбургер моргенпост“ кој беше нападнат денеска рано изутрина ги зголеми стравовите од нови инциденти во пресрет на утрешниот антиисламски собир во Дрезден и неколку други градови.

Нападите во Париз и Хамбург се причина за загриженост и кај германскиот Министер за внатрешни работиТомас де Мазиер кој наведува дека неговото министерство има регистрирано околу 260 опасни исламисти кои што живеат во Германија.

„Загрижен сум од добро обучени напаѓачи како тие во Париз, Брисел, Австралија или Канада“ вели де Мазиер кој за весикот Билд ам Зонтаг откри дека 260 лица се сметаат за опасни исламисти од страна на германските безбедносни служби.

Според весникот Американските разузннавачки служби снимиле разговори меѓу припадници на Исламската Држава во кои се вели дека нападите во Париз се само почеток на слична серија напади во Европа.

Две лица осомничени дека подметнале пожар во весникот Хамбургер Моргенпост се уапсени утринава во Хамбург. Весникот неделава ги реобјави карикатурите на Мухамед поради кои што се случи нападот во редакцијата на „Шарли Ебдо“.

За утре во Дрезден се најавени најмасовните демонстрации против „исламизацијата на западниот свет“. Протестите кои започнаа со неколку стотини демонстранти по 12 недели дојдоа до бројката од 18,000 граѓани и покрај осудата од страна на највлијателните државни и локални власти. Најмалку 50,000 луѓе се очекуваат да демонстрираат тринаесети пат во повеќе германски градови. Во исто време се иочекуваат и контрапротести на кои се редовно искажува поддршка на емигрантите без разлика на нивната религија или етничка припадност.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски