Расте рејтингот на АФД пред регионалните избори во Германија

Од:

артијата Алтернатива за Германија (АФД), која важи за антиимигрантска и која се противи на членството на земјата во Еврозоната, има поголема поддршка од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) меѓу граѓаните во покраината Саксонија-Анхалт пред регионалните избори закажани за три недели.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, овие избори се сметаат за своевиден тест за целата владина коалиција, која ја сочинуваат Христијанско демокрартската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, нејизната сестринска партија, баварската Хриситјанско социјалната унија (ЦСУ) и СПД.

Според анкетата, нарачана од весникот „Билд“, екстремните десничари од АФД благодарение на својата антиимигрантска политика ја зголемиле поддршката од 12 на 17 проценти, со што станале втора најголема партија во покраината Саксонија-Анхалт во некогашна Источна Германија. Прва и натаму е ЦДУ на Меркел, која засега има 30 отсто поддршка и е во постојан пад, а на трето место се социјалдемократите со 16 проценти.

АФД се смета за најголемиот предизвик на умерената германска политика по падот на нацизмот. Партијата е формирана во 2013 година од евроскептици – некогашни соработници на Меркел и во моментов централна точка околку која ја води својата политика е противење на политиката на канцеларката за отворени врати за бегалците.

Доколку до изборите нема значителна промена ЦДУ и СПД нема да можат да формираат стабилна влада во оваа германска покраина, што ќе биде лош сигнал и за другите две покраини каде што годинава се одржуваат покраински избори и каде АФД сигурно ќе освои пратенички места.

Регионалните избори можат да дадат сигнал и за политичките трендови и резултати за федералните парламентарни избори закажани за втората половина од 2017 година.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски