Билансот на загинатите при уривањето на повеќекатница во Бангладеш, што се случи минатата недела, достигна 433 лица, откако спасувачките екипи денеска пронајдоа уште тела на жртви од под урнатините и нагласија дека потрагата може да потрае уште пет дена.
Дваесет тела беа извадени преку ноќта, со што бројот на загинатите достигна 430 лица. Уште три тела беа откриени во текот на денот.
Спасувачите претпоставуваат дека под урнатините има уште тела. Властите користат кранови и машини за сечење, со цел да ги расчистат остатоците од зградата. Досега е потврдена смртта на 433 лица, а според полцијата судбината на 149 лица не е позната.
Командатот на локалниот воен гарнизон, кој ги надгледува спасувачките операции, ги демантираше информациите, дека околу илјада лица се во неизвеност и ги отфрлија обвиненијата за роднините на загинатите лица, дека властите кријат тела за да ја прикажат пониска бројката на загинатите.