Расте бројот на жртви во разорното торнадо во Чешка, невремето уништи 2.000 куќи

Од:

Торнадото што синоќа силно погоди седум села на југот на Чешка и одзеде најмалку пет животи, според премиерот Андреј Бабиш, оштети или уништи околу 2.000 куќи.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек прогласи вонредна состојба, а премиерот Бабиш ја оквалификува природната катастрофа како апокалипса.

– Две илјади оштетени куќи, мора да сториме сè за да им помогнеме на тие луѓе. Сакам да се уверам дека имаат се што им е потребно, рече премиерот Бабиш, кој од самитот на Европската унија денеска слета директно во регионот на Јужна Моравија за да ги посети најтешко погодените села.

Полицијата потврди дека пет лица го загубиле животот во невремето во Јужна Моравија.

Десетици повредени лица се пренесени во болниците во Бржецлав, јужно од Брно и Ходонњин, екипите на брзата помош и спасувачите пружиле итна помош на самото место, а се проценува дека биле повредени скоро 200 лица.

Министерството за локален развој веднаш издвои околу 17 милиони евра во буџетот како помош за реконструкција, бидејќи некои куќи се толку оштетени што ќе мора да бидат урнати, а луѓето од погодените области веќе можат да сметаат на итна прва помош од околу 2.300 евра.

Околу 75.000 домаќинства се без електрична енергија, 2.000 без гас, а неколку десетици предаватели не пренесуваат сигнали за мобилна телефонија.

Метеоролозите предвидуваат променливо време со летни бури во Чешка во наредните денови, но тие исто така наведуваат дека веројатноста да се случи торнадо е многу мала.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница