Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Од:

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а 41 лице се тешко повредени, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на полицијата.

Според германскиот весник, вкупно 205 лица се повредени, 86 лица со тешки повреди се згрижени во болниците, додека 78 лица се полесно повредени во нападот.

Според последното официјално соопштение, најмалку две лица загинаа, меѓу кои и едно дете, додека повеќе од 50 се повредени синоќа на божиќниот пазар во Магдебург кога вооружен маж со својот автомобил влетал во толпата посетители.

Би можело да ве интересира

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија