Расте бројот на напади врз бегалците во Германија

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер денеска изјави дека годинава имало дури 490 напади врз сместувалишта за бегалци.

„Сведоци сме на масовно зголемување на бројот на напади врз бегалски кампови на база на национална нетрпеливост“, изјави Мезиер пред медиумите.

Според министерот две третини од напаѓачите немаат предходно забележани криминални активности што за него е многу вознемирувачки. Мезиер бара да се зголеми јавната свест за неприфатливост од насилните напади против бегалците.

Германија годинава прими над 200.000 бегалци, а според официјалната прогноза на германските власти нивниот број годинава би можел да се зголеми на 800 илјади. Според медиумите ако продолжи темпото на прилив на бегалци како досега вкупниот број на имигранти во земјата може да дојде и до 1,5 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ