Расправа во британскиот Парламент за планот „англиски гласови за англиски закони“

Од:

Британскиот Парламент ја почна денеска расправата околу контроверзниот план за обезбедување „англиски гласови, за англиски закони“.

Станува збор за планот на британските конзервативци со кој на пратениците од англиските изборни единици, практично им се обезбедува право на вето за законите и прописите кои се однесуваат само за Англија.

Владините министри веруваат дека еден „фер и избалансиран“ предлог ќе им овозможи на Англичаните да кажат повеќе за својата судбина и за своите состојби.

Опозициските лабуристи и пратениците од Шкотската национална партија (СНП) остро се спротивставуваат на ваквиот план. Според СНП, планот на ториевците води кон натамошно отуѓување на Шкотска од Обединетото Кралство.

Лабуристите предупредуваат на опасноста од создавање на два вида пратеници во Долниот дом на Парламентот во Лондон.

Прашањето за тоа дека пратениците од шкотските изборни единици може да гласаат за сите закони за кои се расправа во британскиот Парламент, но дека таквото право им е ускратено на пратениците од Англија (и Велс) не е ново и во политичкиот живот на земјата е познато како „Прашањето на Западна Лотија“.

Тоа одново се актуелизира пред минатогодишниот референдум за независност на Шкотска, кога трите главни британски партии- Конзервативната, Лабуристичката и Либералдемократската- со заедничка декларација се обврзаа за зголемување на деволуцијата, со повеќе овластувања за шкотскиот Парламент, доколку тамошните гласачи се определат против отцепувањето.

Покренувачите на ова прашање инсистираат дека шкотските гласачи не би смеело да гласаат за „англиските закони“ а гласањето за нив да им се остави само на англиските (и велшките) пратеници.

Планот што се нуди за расправа предвидува англиско-велшко гласање за законите кои обработуваат прашања кои се однесуваат само на Англија и Велс. Планот предвидува дека овие пратеници ќе имаат и право на вето врз законодавството, пред пратениците од сите делови на Велика Британија, да гласаат за некој закон.

Спикерот на Долниот дом ќе биде овластен да определи кој закон се однесува само за територијата на Англија, или за Англија и Велс.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство