Распоредувањето ракети „Патриот“ во Турција може да доведе до светска војна

Од:

Распоредувањето ракети „Патриот“ на границата на Турција со Сирија може да доведе до светска војна, што ќе ја загрози и Европа, изјави началникот на Генералштабот на иранската армија генерал Мохамед Хасан Фирузабади, објави турскиот портал „Ворлд Булитин“.

Генерал Фирузабади нагласи дека Иран сака неговиот сосед Турција да се чувствува безбедно, но го повика НАТО да не распоредува ракети „Патриот“ во реонот на турско-сириската граница.

Според него секоја од ракетите „Патриот“ е црна дамка на светската карта и предизвикува причини за светска војна.

На 3 декември министрите за надворешни работи од НАТО одобрија распоредување на ракети „Патриот“ во Турција, како одговор на барањето на Анкара за заштита на националниот воздушен простор од заканата и ризиците од кризата во Сирија.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите