Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска ги повика европските земји повлекувањето на Алијансата од Авганистан, да не го користат како изговор за намалување на средствата од државниот буџет наменети за одбраната.
– Ќе треба да го надградиме она што го постигнавме во операциите како онаа во Авганистан, а не да бараме корист во повлекувањето од таму, порача Расмусен во Минхен, каде учествува на Меѓународната конференција за безбедност.
Според него, дополнителните наламување на средствата за потребите не одбраната ќе доведат до зголемување на несигурноста.
Расмуслен нагласи дека во услови кога се воведуваат мерки на штедење, намалувањето на државните трошоци за одбраната „изгледаат како примамлива варијанта, но би било погрешна варијанта“.
Од 2001 година, па досега, уделот на САД во покривањето на трошоците на НАТО е зголемен од 63 на 72 отсто, додека во исто време многу европски земји ги намалија своите буџети за одбраната, потенцира Расмусен.