Расмусен: Од НАТО досега не било побарано да интервенира во Сирија

Од:

Од НАТО досега не било побарано да интервенира во Сирија, но ситуацијата таму во последните месеци се влоши драматично, особено на хуманитарен план, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Тој додаде дека пактот е загрижен од примената на балистички ракети од страна на режимот, како и од можноста за употреба на хемиско оружје. Ако тие проблеми останат нерешени, можат директно да ја загрозат нашата безбедност, истакна Расмусен.

Генералниот секретар соопшти дека на денешната седница на Советот НАТО-Русија е постигната согласност за напредок во заедничките проекти против тероризмот. Во јуни првпат ќе биде испробана заедничка технологија за откривање експлозии на јавни места, каде се собираат многу луѓе. Вежбата ќе се одржи во европската престолнина. Во септември претстои заедничка вежба со руски специјални единици против терористички закани, насочени кон цивилни авиони.

Расмусен истакна дека во врска со Авганистан, понекогаш оценките на НАТО и на Москва се различни, но заедничките цели се совпаѓаат. Тој истакна дека денеска започнала втората фаза од фондот за поддршка на воените авиони на авганистанските армиски единици.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море