Расмусен: НАТО нема да учествува во евентуалниот напад врз Сирија

Од:

Генралнито секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен изјави денеска дека наводната употреба на хемиско оружје во Сирија бара одговор на меѓународната заедница.

– Не ја гледам улога на НАТО во меѓународната реакција кон сирискиот режим, изјави Расмунсен.

Според него, наводната употреба на хемиско оружје е „застрашувачки и ужасен чин“.

– Хемиски напад претставува јасно кршење на меѓународните стандарди, злосторство кои не може да се игнорира. Тоа бара меѓународен одговор за да не се случи повторно, додаде тој.

Расмусен потенцира дека верува оти зад неодамнешниот напад со наводно хеммиско оружје стои сирискиот режим.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море