Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ги поздрави денеска плановите на Европската унија да ги зајакне одбранбените капацитети, јави ДПА.
– Посилна европска одбрана ќе значи и посилна европска поддршка во рамките на НАТО, изјави Расмусен, пред неофицијалната средба на министрите за одбрана на ЕУ во Даблин.
Расмусен предупреди да не се дозволи расфрлување со парите на даночните обврзници, истакнувајќи дека НАТО и ЕУ треба да имаат за цел заемно да се надополнуваат.
– Исклучително важно е да се обезбеди блиска координација меѓу НАТО и ЕУ, изјави Расмусен, поздравувајќи ги плановите на ЕУ да разговараат за безбедноста на блокот на состанокот на Брисел во декември.