Расмусен: Без доволно средства НАТО ќе ја загуби воената моќ и политичката доверба во себе

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека ако Алијансата не вложува доволно средства во своите капацитети, ќе ја загуби воената моќ и политичката доверба во себе, јави БТА.

Изјавата, Расмусен ја даде на отворањето на дводневната средба на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел.

Расмусен нагласи дека заканите по меѓународната безбедност постојано се зголемуваат, поради развојот на оружје за масовно уништување, како и поради кибер нападите.

– Треба да располагаме со неопходните средства, за пополнување на празнините на нашите капацитети, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Расмусен предупреди дека денешните разговори на министрите ќе влијаат на начинот на кој овие пропусти ќе бидат надминати. Тој повторно нагласи дека намалувањето на буџетските трошоци поради кризата не треба да влијае на безбедносниот сектор.

Генералниот секретар на НАТО ги повика министрите да донесат одлуки за инвестирање во одбранбените капацитети за периодот по завршување на кризата, кои ќе бидат планирани отсега.

Според него на средбата ќе биде разгледана и темата за поправилна распределба на финансискиот товар во обезбедување на моќта на НАТО.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море