Расел: Договорот за Брегзит е „посебно деструктивен“ за Шкотска и треба да се стави на гласање пред народот

Од:

Договорот за Брегзит меѓу Европската унија и британскиот премиер Борис Џонсон е „посебно дестуктивен“ за Шкотска и треба да биде ставен на гласање пред шкотскиот народ, изјави лидерот на Шкотската националистичка партија Мајк Расел, пренесе ДПА.

„Нема тука многу нешта, за да се тврди дека е одличен „Договор за Брегзит“, напиша Расел на Твитер, кој воедно е и секретар на шкотската Влада.

“Сите договори за Брегзит и штетат на Шкотска, а овој е посебно деструктивен“, напиша Расел, јави ДПА.

„Доколку преживее (во британскиот Парламент) во сабота, демократијата бара тој да биде ставен пред шкотскиот Парламент и народ. Веројатно и од двајцата ќе биде одбиен“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска