Шефот на авганистанските тајни служби Асадула Калид беше повреден денеска во бомбашки напад, соопштија безбедносните служби.
“Бомбашкиот напад се случи во резиденцијата во која се наоѓаше Калид,” и рече на агенцијата Франс прес помошникот на началникот на полицијата во Кабул Мохамад Дауд Амин.
Калид е сместен во болница, а според зборовите на еден анонимен извор, се здобил со сериозни повреди.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го назначи Калид за шеф на безбедносните служби во август.
Организациите за заштита на човековите права остро ја критикуваа таа одлука на Карзаи и го оптужија Калид за корупција, шверц со дрога и наведоа дека новиот шеф на безбедносните служби не го казнуваше малтретирањето на затворениците, додека беше гувернер на провинциите Газни и Кандахар.