Рамзан Кадиров, лудиот сојузник на Путин

Од:

Либерасион – Париз

До каде ќе стигне Рамзан Кадиров, лудиот сојузник на Владимир Путин? Тоа се прашува цела Русија, откако лидерот на Чеченија јавно предложи да бидат судени за саботажа „непријателите на народот“, т.е. претставниците на опозицијата, кои според него се обидуваат да ги искористат сегашните тешкотии во земјата.

Во вторникот, Рамзан Кадиров го потврди впечатокот со ветување за „инјекција“, т.е. за затворање во психијатриска клиника на директорите на независните медиуми кои „со задоволство пласираат лажни и лицемерни информации со кои се потрахнува нивната органска омраза кон Русија“.

– Вие сте лицето на Русија, викнаа критичарите и започнаа полемика со човекот кого го сметаат за „питбулот на Путин“. Се вклучија и луѓето верни на Кадиров. Претседателот на парламентот Магомед Даудов, ги обвини медиумите, како што се радиото Ехото на Москва и телевизијата Дожд, дека се „генералштаб на петтата колона“.

Триесет и девет годишниот Кадиров е со русо-црвенкава коса, црвена брада и обетка, и е познат дека дава громогласни изјави. Би било грешка тие да се прифаќаат за безопасни. Во 2007, младиот Рамзан го замени на челото на Чеченија татко си Ахмад Кадиров, кој беше убиен во атентат и создаде држава во држава, која се спротивставува на власта на лидерот: Путин во Москва и Кадиров во Грозни и на патријахалниот традиционален исламизам. „Кај нас жената останува дома. Жената треба да е стока, а мажот нејзин сопственик“, објасни тој за весникот Комсомолскаја правда во 2008 година. Прорускиот чеченски режим е ненадминат во притворувањето луѓе, преку сеансите за понижување на социјалните мрежи или на телевизијата, а семејствата на емигрираните чеченци, кои учествуваат во демонстрации во странство, се под закана од извршни мерки.

Луѓето кои ја имале смелата чест да го предизвикаат Кадиров, се исчезнати. Какао што беше новинарката Ана Плитковскаја чие убиство во 2006 им се припишува на Чеченци, но истото не беше разрешено. И како правобранителката Наталија Естемирова, една од малкуте жени кои се дрзнале во лице да го предизвикаат Кадиров по прашања за носење на исламски хиџаб, беше киднапирана и убиена во Грозни во 2009 година. Или како опозицискиот лидер Борис Немцов, кој беше убиен во близина на ѕидините на Кремљ во Москва во февруари 2015 година. Кога Путин беше ставен во непријатна ситуација од западњаците за овој случај тој вети длабока истрага, а Кадиров го фалеше главниот осомничен Заур Дадаев, поранешен член на неговите милиции, кого го опиша како „вистински руски патриот“. Додека дел од руското јавно мислење ги осуди неговите изјави, вклучувајќи и некои од владејачките кадри, Путин го заштити.

Така што ќе биде грешка заканите од Кадиров да не бидат најсеризоно сфатени. Важно е не дали тој дејствува со своја глава или е „питбулот на Путин“, туку да се отвори прашањето дали неговата самобендисаност не се пробен истрел во момент кога тешката економска ситуација се заканува да да подрие јавната поддршка за режимот на Путин неколку месеци пред парламентарните избори во септември. Обезвреднетата рубља, падот на цените на нафтата и перспективите за уште една година рецесија можат да предизвикаат социјално незадоволство.

Се појавувија и првите знаци. на крајот на 2015, фармерите протестираа во Москва, а на почетокот на јануари, „бабушките“ од Краснодар и Сочи – кои не се баш вистинскиот социолошки профил на опозицијата која вообичаено е составена од млади граѓани – и извојуваа победа принудувајќи ги властите да ги намалат цените на билетите за пензионери во јавниот транспорт.

Ако ситуацијата стане тензична, еден заканувачки Кадиров можеби нема да е отповеќе. Веројатно тоа е причината за молчењето на Путин кон неосталинистичките изданоци на неговиот протеже.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран