Ракетниот систем „Патриот“ има единствено одбранбена цел

Од:

Генералштабот на турската армија соопшти дека делегација од претставници на Турција и НАТО утре ќе започне истражувачки дејности на местото, каде би можело да бидат поставени системите за противракетна и противвоздушна одбрана „Патриот“.

Армијата потврди дека распоредувањето на овие системи е насочено единствено да реагира на евентуална закана од Сирија и е целосно одбранбена мерка.

– Не станува збор за воведување забранета зона за летови долж турско-сириската граница или за користење на ракетите за напад, нагласи Генералштабот.

Турција на 21 ноември испрати официјално барање до НАТО за распоредување на ракети „Патриот“ долж турско-сисриската граница со цел да се заштити националното воздушно пространство, поради заканите и ризиците за националната безбедност, кои произлегоа од кризата во Сирија. Алијансата соопшти дека „без одложување“ ќе го разгледа барањето.

Откако ќе биде завршена истражувачката дејност, ќе биде утврден и бројот на системите, кои ќе бидат инсталирани, како и на војниците, кои ќе бидат распоредени, се додава во соопштението.

Сирија го оцени барањето на Турција како „провокација“, а Русија смета дека ваков чекор може да ги зголеми ризиците во конфликтот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он