Најмалку девет лица, меѓу кои најмалку пет деца, загинаа денеска во ракетен напад на пазар во градот Ал Баб на северот на Сирија, соопшти службите за итни случаи од таа област, која е во рацете на бунтовници.
Хуманитарната организација „Бели шлемови“ која дејствува во делови на Сирија кои сè уште се под контрола на вооружените опозициски групи, изјави дека во нападот се повредени најмалку 28 лица, пренесуваатт „Ројтерс“ и „Танјуг“.
За време на 11-годишната војна, Сирија беше поделена на различни зони на контрола меѓу завојуваните фракции.
Ал Баб се наоѓа во провинцијата Алепо под контрола на бунтовниците поддржани од Турција.
Сириските демократски сили (SDF) поддржани од САД, предводени од курдски групи кои отворија дијалог со владата во Дамаск, исто така контролираат делови од северот и североистокот, додека другите делови од земјата се во рацете на сириските власти.
Шефот на медиумскиот центар на СДФ, Фархад Шами, рече дека групата нема никаква врска со денешниот напад. Активистите во Ал-Баб планираа протест по муслиманската пладневна молитва во петокот за да ги осудат повиците на Анкара за помирување меѓу сириската влада и опозицијата, но демонстрациите беа прекинати поради страв од понатамошно насилство, пренесуваат агенциите.