Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Од:

Ракета погоди станбена зграда и градинка во украинскиот град Суми, при што загинаа две лица. „Киев Индипендент“ пишува дека ова го соопшти воената управа на регионот Суми.

„Руската ракета, која наводно била лансирана во објект за поправка на возила, погодила станбена зграда и предизвикала штета во блиската градинка“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Се наведува дека под урнатините би можело да има уште едно лице, а спасувачките екипи продолжуваат со работа.

Украинскиот јавен медиумски сервис Суспилна објави дека во овој напад биле оштетени и 13 автомобили.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани