Рајнфелд: Социјалдемократите како во комунистичка Германија

Од:

Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд во предизборната кампања го нападна лидерот на наголемата опозициска Социјалдемократска партија, Стефан Ловен, дека се обидува да ја скрие невработеноста со своите предлози за „екстра служби“ за долготрајно невработените и тренинг вработувања за младите, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

На вчерашниот предизборен собир во Стокхолм, Рајнфелд, кој ја предводи актуелната десничарско-центристичка коалиција, рече дека во предлозите на Ловен не станува збор за вистински работни места.

Рајнфелд изборните ветувања на социјалдемократите ги спореди со реалноста која некогаш важеше за поранешната комунистичка ДДР.

– Во Источна Германија не постоеше никаква невработеност, но голем број луѓе всушност немаа што да прават на своите работни места. Ние се научивме дека секое работно место мора да има содржина, истакна премиерот Рајнфелд.

Прашањето на отворање нови работни места е едно од централните во кампањата во пресрет на парламентарните и локалните избори во Шведска, кои ќе се одржат на 14 септември.

Социјалдемократскиот лидер и водач на опозицијата, Стефан Ловен, во повеќе наврати ја обвини актуелната владина коалиција дека не успеала да се справи со проблемот на невработеноста и дека откако ја преземала власта пред осум години па до денес невработеноста се зголемила за околу 300.000 лица и моментно изнесува околу осум проценти.

Најновите анкети покажуваат предност за левиот политички блок предводен од социјалдемократите, иако во разни анкети предноста се движи од пет до 10 отсто избирачки гласови.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ