Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Од:

Иран ќе продолжи да го користи своето легитимно право за мирно развивање на својата нуклеарна програма, без разлика дали другите земји се обидуваат да се мешаат во тој процес, изјави денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

„Земјите со нуклеарно оружје се обидуваат да го спречат иранскиот народ да го оствари своето легитимно право на мирен нуклеарен развој, но нека знаат дека ние ќе се залагаме за нашите права“, рече Раиси за време на состанокот со амбасадорите на земјите кои имаат дипломатски претставништва во Техеран, пренесе агенцијата ИРНА.

Според Раиси, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) издаде 15 официјални соопштенија во кои се вели дека нуклеарната програма на Техеран е во согласност со мирниот развој, но и покрај тоа, таа „не стои на своите изјави“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он