Раиси: Економската и здравствената ситуација во Иран мора „безусловно да се променат”

Од:

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска најави порешителна борба со Ковид-19 и подобрување на економската состојба, во телевизиски говор по првата седница на неговата влада, на која ги осуди состојбите што се „недостојни за Иран“.

-Сегашната ситуација во земјата не е достојна за големиот ирански народ и мора да се промени безусловно, рече Раиси, оценувајќи дека „земјата сериозно доцни во некои сектори“.

Ултраконзервативниот претседател зборуваше ден по гласањето доверба на владата во парламентот, што потврди 18 од него предложени 19 министри.

Иранскиот претседател истакна дека главна задача на неговата влада ќе биде борбата против ширењето на епидемијата на Ковид-19 и инфлацијата за „подобрување на шансите за преживување на населението“.

Раиси беше избран на 18 јуни, на избори што беа обележани со многу ниска излезност и мал број кандидати во тешки економски и здравствени околности.

Иран финансиски е задушен од американските санкции воведени по едностраното повлекување на Вашингтон од меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран во 2018 година. Договорот беше потпишан во Виена три години претходно.

Тешката економска криза во земјата е дополнително влошена од пандемијата на коронавирусот, а Исламската Република, најтешко погодената земја на Блискиот Исток, едвај се справува со петтиот бран на инфекција.

Официјалните бројки покажуваат дека помалку од 6,5 милиони луѓе од 83 милиони жители примиле две дози од вакцината против Ковид-19.

Иранскиот претседател најави дека ќе го зголеми увозот на вакцини и ќе го забрза домашното производство на вакцини, што го оцени како „неопходно, но недоволно“.

Иран е исклучен од меѓународниот финансиски систем поради американските санкции, за кои Техеран смета дека ги попречуваат неговите напори да набави вакцини.

Властите, исто така, одобрија итна употреба на две домашни вакцини, од кои COViran Barekat беше првата што беше произведена и е достапна во ограничени количини.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он