Рахој: Шпанската Влада го започна процесот на суспендирање на каталонската автономија

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска најави дека Владата го отпочнува процесот на одземање на автономијата на регионот Каталонија.

– Одлуката е одговор на постапите на каталонската Влада, кои беа еднострани, спротивни на законот и со кои се бараше конфронтација, изјави Рахој во денешната прес конференција.

Рахој додаде дека шпанската Влада не сакала да го активира членот 155 од Уставот на Шпанија, кој предвидува одземање на автомонијата на регионалните власти, но дека Мадрид бил принуден на овој чекор.

Каталонија одржа референдум за независност на 1 октомври, кој шпанската полиција се обиде да го спречи со употреба на сила. Повеќе од 40 проценти од граѓаните сепак гласаа за независност и каталонскиите власти најавија прогласување на независност, оставајќи простор за дијалог со Шпанија.

Во својот денешен настап, Рахој побара распуштање на целата регионална власт во Каталонија. Шпанија бара одржување на нови регионални избори во Каталонија, на кои би се покажало дали сепаратистичките партии имаат мнозинство во регионалниот Парламент или не.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски