Рахој: Шпанија е солидарна со Барселона

Од:

Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека неговата земја е солидарна со тагата во Барселона и во други градови на Европа, кои биле цели на терористички напади.

По вчерашниот напад, Рахој ја посети Барселона. Тој изјави дека во моментот жртвите и нивните роднини и пријатели се главниот приоритет на властите.

Тој изјави дека Каталонија била цел на напад на џихадистичкиот тероризам, како и други градови во светот.

Според него, жителите на Париз, Ница, Брисел, Берлин и Лондон ја почувствувале истата болка и несигурност, како жителите на Барселона вчера.

За Шпанија овој напад е најкрвавиот од 2004 година, кога напаѓачи инспирирани од Ал Каеда извршија координирани напади врз патнички возови во Мадрид, во кои загинаа 192 лица.

Рахој прогласи тридневна жалост во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации