Шпанските власти се надеваат на цивилизиран дијалог со каталонската влада, кој биде подготвен како резултат на регионалните избори на 21 декември, изјави денеска премиерот Мариано Рахој, пред пратениците во Долниот дом на Парламентот.
Тој смета дека може да се воспостави „нормален и цивилизиран дијалог“ со новите каталонски власти, во рамки на законот.
– Тие луѓе одлучија да бидат над законот и да прават што сакаат, додаде премиерот Рахој и притоа изрази надеж дека работите ќе се нормализираат.