Рахој: Не постои ризик за поделба на Шпанија

Од:

Шпанија нема да биде поделена, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој за германскиот весник „Велт“, една недела по каталонскиот референдум за независност.

На прашањето дали постои ризик Шпанија да биде поделена, Рахој во интервјуто одговара дека таков ризик апсолутно не постои.

– Шпанија нема да биде поделена и националното единство ќе се сочува. Ќе направиме се да го обезбедиме тоа со законски решенија, рече Рахој.

Во Каталонија на 1 октомври беше одржан референдум за независност кој шпанскиот суд го суспендираше, а Владата во Мадрид го прогласи за незаконски.

Референдумот беше проследен со полициско насилство и голем број повредени граѓани и полицајци.

Повеќе од 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот се изјаснија за отцепување од Шпанија, иако излегоа помалку од половина од избирачите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски