Рахој: ЕТА да се извини и дефинитивно да се расформира

Од:

Шпанија денеска побара баскиската сепаратистичка група ЕТА да се извини за повеќедецениското насилство и дефинитивно да се расформира, откако групата на Франција и достави листа со локации каде има скриено оружје.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека доставувањето на листата значи „дефинитивен пораз“ на ЕТА, која е обвинета дека убила 829 луѓе од 1968 година.

– Единствен логичен одговор на ова ситуација е ЕТА да соопшти дека дефинитивно е расформирана, да им се извини на жртвите и да исчезне наместо да монтира медиумски извештаи за да го забошоти својот пораз, се истакнува во соопштението на шпанската Влада.

Мадрид наведе дека нема да го проценува арсеналот на оружје се додека француските власти не ги неутрализираат осумте магацини, во кои има 120 парчиња огнено оружје и три тони експлозив. Магацините се наоѓаат во југозападниот пиринејско-атлантски регион на Франција, што граничи со Шпанија.

Во 2011 година ЕТА објави дека се откажува од вооружената борба, но не го предаде оружјето и инсистираше на преговори за амнестија на околу 360 членови кои се во затвор, од кои 75 се во Франција. Пред два дена ЕТА најави целосно разоружувањем, а денеска на француската полиција и откри локации на 12 магацини со оружје.

Француските власти одлуката на ЕТА ја оценија како „голем чекор“ и „значаен ден“.

ЕТА се наоѓа на листата терористички групи во Шпанија, Европска унија и во САД.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени