Рахој до Каталонија: Признајте дека не можете да одржите референдум

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска ги повика каталонските регионални власти да признаат дека референдумот за независност на Каталонија најавен за 1 октомври, „не може да се одржи“, поради мерките што ги презеде Владата во Мадрид.

– Подемократски и поодговорно би било приврзаниците на независноста да признаат дека гласањето не може да се одржи и дека државата има право да го спречи референдумот- изјави Рахој во обраќање на собир на неговата конзервативна Народна партија.

Претходно денеска, властите на Каталонија го одбија барањето за предавање на контролата над регионалната полиција на централната Влада во Мадрид, која се обидува да го спречи организирањето на референдумот.

Каталонскиот министер за внатрешни работи Жаоким Форн денеска изјави дека прифаќањето на ваквото барање би и овозможило на шпанската Влада дирекно да раководи со регионалната полиција, која Мадрид ја обвинува дека не прзема мерки за спречување на референдумот.

– Го отфрламе обидот на државата за мешање во рабоата на полицијата во Каталонија – изјави Форн.

Шпанскиот Уставен суд донесе одлука за одлагање на референдумот, се додека не се изјасни по иницијативата на шпанската Влада за оценка на неговата уставност.

По ова, државната полиција и припадниците на Цивилната гарда приведоа 24 каталонски лидери и одзедоа гласачки материјали, во обид да го спречат одржувањето на референдумот.

Но, и покрај судска одлука и мерките на централната Влада, регионалните власти на Каталонија соопштија дека не се откажуваат од плановите за одржување на референдумот на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата