Рахој апелира до Пуџдемон да дејствува разумно

Од:

Шпанскикот премиер Маријано Рахој апелираше денeска до каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон да „дејствува разумно“ бидејќи се приближува рокот за откажување од независност.

– Барам од Пуџдемон да дејствува разумно, на урамнотежен начин, да ги стави интересите на граѓаните во прв план, нагласи денеска Рахој во шпанскиот Парламент.

Шпанскиот заменик-премиер Сораја Саенз де Сантамарија на денешната парламентарна седница изјави дека „шпанските власти ќе побараат укинување на автономијата на Kаталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност“.

– Доколку сепаратистичкиот лидер Карлос Пуџдемон не обезбеди задоволувачки одговор до утре, тогаш тој ќе испровоцира активирање на членот 155 од Уставот, изјави Де Сантамарија од парламентарната говорница.

Членот 155 од Уставот на Шпанија и дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион, и да стави крај на системот на самоуправа што е во сржта на демократскиот поредок на земјата.

По успешниот референдум за независност на Каталонија, претседателот на каталонската Влада, Карлос Пуџдемон најави прогласување независност на овој регион, но со одложено дејство. Целта на ваквата одлука е да се остави простор за разговори со Мадрид, а централните власти и дадоа рок на Барселона до утре да даде прецизен одговор дали прогласува независност или не.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата