Радиоактивен изотоп пронајден во почвата околу Фукушима

Од:

Висок процент на отровениот радиоактивен изотоп Стронциум-90 е откриен во почвата околу Фукушима во Јапонија, соопштено е денеска во Токио.

Испитувањето што го направиле експерти на „Тепко“, компанијата што стопанисува со нуклеарната централа кај Фукушима, покажуваат дека нивото на опасниот радиоактивен изотоп е 30 пати повисоко од она што го дозволуваат законските прописи во Јапонија.

Мерењата на експертите открија и зголемено присуство, над нормалата и на изотопот Трициум.

Нуклеарната централа кај Фукушима беше тешко погодена со силниот земјотрес, а потоа и со цунамито во пролета 2011 година. Подоцна оваа јапонска нуклеарка се соочуваше со низа проблеми, како истекување вода од централата и хаварии и дефекти во работењето што беше обновено.

Налетот на цунамито тешко го погоди системот за ладење на нуклеарниот реактор. Од обновувањето со работа се регистрирани повеќе инциденти со истекување на вода од резервоарите со вода за ладење, или од инсталираните цевки.

Изотопот Стронциум-90 се создава како производ на нуклеарната фисија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови