Најмалку осум цивили се убиени во судирот меѓу радикалната исламистичка група Ал Шабаб, која нападна хотел во Могадишу, и вработени во компанија за обезбедување, која се обиде да ги неутрализира, соопшти денеска претставник на фирмата.
– Силите од обезбедувањето продолжија да ги неутрализираат терористите кои беа фатени во обрач во соба во зградата на хотелот. Повеќето од луѓето беа спасени, но во овој момент можеме да ја потврдиме смртта на најмалку осум цивили, претставникот на компанијата за обезбедување Мохамед Абдикадир.
Извор: МИА