Четворица радикални исламисти кои беа уапсени вчера во Лондон, планирале напад врз британската кралица Елизабета Втора, објави Сан.
Мажите требало денеска да ја нападнат кралицата со нож. Засега Скотланд јард не ја потврди информацијата на таблоидот.
Приведените се на возраст меѓу 19 и 27 години.
Според весникот тие планирале со нож да ја нападнат кралицата за време на денешното армиско чествување во Ројал Алберт Хол и на кое по планот требало да присуствува и Елизабета Втора.