Судот во Лондон го осуди радикалниот британски имам Анџем Чоудари на затворска казна од пет години поради поддржување на радикалната сунитска организација Исламска држава.
Како што објави Централниот кривичен суд на Лондон Олд-Бејли, Чоудари и исто така обвинетиот со него Мохамед Рахман во периодот од јуни 2014 до март 2015 година преку интернет ги повикувале муслиманите да стапат во редовите на Исламската држава. Пресудата судот ја донел на 28-ми јули, но од правнички причини таа е објавена во вторникот,
Чоудри и претходно беше осудуван, во септември 2014 и во ноември 2015 година но беше условно ослободуван со кауција од лондонскиот суд, бидејќи испраќал онлајн пораки до групите кои се забранети и дејствуваат во Сирија и во Ирак. Еден од најголемите најотворени поборници на радикалниот ислам во Велика Британија во јули беше осуден,а во вторникот судот му ја одреди должината на казната.
Овој 49-годишнен адвокат од пакистанско потекло е една од главните личности на Лондонистан, како што се нарекува исламистичкото движење основано во британската престолнина почетокот од 2000-те години.
Во 2011 година Чоудари организираше собир во чест на Осама бин Ладен. Тогаш педесетина припадници на неговата организација пред зградата на американската амбасада во Лондон го запалија американското знаме.
Британските власти сметаат дека токму Анџем Чоудари имал клучна улога во радикализирањето на младите муслимани во земјата. Тој го привлече вниманието на јавноста и на властите со контроверзните изјави,а преку социјалните мрежи ги повикуваше своите истомисленици да ѝ се приклучат или да ја поддржат Исламската држава.
Често гостуваше на влијателните телевизии каде што ги изнесуваше своите радикални ставови, а во еден случај ја бранеше практиката на отсекување глави на цивилите кое го врши Исламската држава., како и други злосторства извршени од џихадистите од оваа групација,.
Меѓутоа, во вистински проблеми со британските власти западна кога неговото име се појави на заклетвата на таканаречениот калифат на Исламската држава во 2014 година.