Властите во Шпанија велат дека полицијата упаднала во неколку јавни и приватни установи низ Каталонија, во обид да го спречи наводното отуѓување на јавните пари за помош за развој.
Истражниот судија Јоакин Агире во Барселона наредил рација во четвртокот, како дел од истрагата за најмалку 2 милиони евра во грантови за развој од локалната власт, кои наводно биле злоупотребени на неодреден начин.
Истрагата, која, исто така, опфаќа и можна злоупотреба на овластувањата и измама, трае повеќе од една година.
Приватната новинска агенција “Европа Прес” објави дека 22 лица се уапсени. Шпанската полиција ги потврди рациите, но рече дека бројот на уапсените лица не може да биде потврден сѐ додека акцијата не биде завршена.