Стотици работници во една текстилна фабрика во Бангладеш се разболеле откако пиеле загадена вода, соопштија претставници на фабриката и полицијата.
– Првенствено се сомневаме во водоснабдувањето, водата во фабриката беше затруена или контаминирана, изјави претставник на фабриката.
Голем број работници утрово повраќале по што се сместени во болница, а а според неофицијални податоци бројот на заболени работници е околу 600.
Труењето со вода се случува за нецели два месеца откако се урна фабрика во Бангладеш при што настрадаа 1.129 луѓе, што доведе до преиспитување на западниот пазар дали и понатаму треба да увезува вода од Бангладеш.