Претседателот на Русија, Владимир Путин ги добил сите итни информации за моменталната ситуација на југоистокот на Украина, каде што војската започна акција против локалното население и оцени дека се работи за криминален акт на Киев, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
-За жал, развојот на случувањата на терен во целост ја потврди оценката на Путин. Во време кога Русија презема максимални напори за да ја смири ситуацијата, властите во Киев започнаа да бомбардираат граѓани и на тој начин ја уништија последната надеж дека Женевскиот договор може да се реализира- истакна Песков.
Поради влошување на ситуацијата на југоисток на Украина, претставникот на Русија во ОБСЕ, Андреј Келин ја повика организацијата да преземе одредени чекори, за да запре „казнената операција во Киев“.
Е. Г.