Путин во посета на Виена

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе допатува денеска во работна посета на Виена при што ќе има средба со државниот врв на Австрија. Со највисоки државнички почести Путин ќе го пречека претседателот на Австрија Хајнц Фишер, по што ќе има разговори и со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

Во програмата на посетата е и обраќање во Стопанската комора во Виена.

Во ЕУ не владее големо воодушевување од посетата на Путин во Австрија, прва држава членка на Унијата од избивањето на кризата во Украина.

Шефот на шведската дипломатија Карл Билт порача дека неговата држава не би го повикала Путин поради актуелната криза во Украина. Додаде дека Путин сака да внесе поделба во ЕУ и оти Русите тоа секогаш го прават кога се во тешка ситуација.

И шефот на литванската дипломатија Линас Линкевициус изрази негодување од повикот на Виена до Путин да ја посети Австрија, нагласувајќи дека се работи за обид на Москва да внесе раздор во Унијата.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот