Путин во посета на Унгарија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин престојува денеска во посета на Унгарија, а една од главните теми на разговори ќе бидат прашања што се однесуваат на енергетиката.

Соработката на полето на гасната индустрија и можното продолжување на договорот за снабдување на Унгарија со природен гас или потпишување нов ќе биде централна тема на разговорите.

Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе разгледуваат таа тема особено по откажувањето на Русија од проектот Јужен поток.

– Сегашниот договор истекува во декември оваа година и очигледно е дека таа истуација ќе се разгледува – или продолжување на сегашниот документ или страните ќе договорат нов, наведе Јуриј Ушаков, советник на Путин.

Дополнително ќе биде разгледана ситуацијата настаната по ставот на ЕК кои ја примораа Русија да го прекине Јужен поток и да избере алтернативна опција со која гасот ќе се пренесува преку Црно Море, а потоа преку Турција, додава тој.

Путин и Орбан ќе разговараат и за изградба на два нови реактора за електрична енергија во унгарската нуклеарна централа Пакс. Тој проект чини речиси 10 милијарди долари и 80 отсто е „покриен“ со руски заем.

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Путин: Русија ја споделува вашата тага