Путин во обраќањето пред пратениците ќе се осврне на зголемување на приходите

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Парламентот на 15 јануари најголемо внимание ќе посвети на прашањето за зголемување на приходите на руските граѓани, јави агенцијата ТАСС

– Јас се подготвувам за говорот на 15 јануари, изјави Путин во интервју за агенцијата, без да каже детали за содржината на говорот, со образложение дека сè уште работи на тоа.

Путин рече дека размислува за надминување на стагнацијата на приходите на граѓаните, намалување на бројот на луѓе кои живеат на минимална плата, како и за намалување на сиромаштијата.

– Мора да се донесат одлуки за ова. Загрижени сме, јас сум многу загрижен поради стагнацијата на реалните приходи на граѓаните, истакна рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници