Путин: Владата да преземе мерки за враќање на руските туристи од Турција

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на Владата да преземе мерки за враќање во Русија на руските туристи во Турција, по неуспешниот обид за воен удар во земјата.

– Претседателот Путин му нареди на Министерството за сообраќај и на други агенции да ги информираат навремено патниците и да организираат летови за враќање од турски аеродроми, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Руските авиокомпании моментално не сообраќаат за Турција. 

Путин исто така побарал од властите да преземат мерки за туристите, кои чекаат летови за Турција на руските аеродроми. 

Руската агенција за цивилна воздушна пловидба соопшти денеска дека нема да има ниту еден лет за Турција се додека целосно не се стабилизира ситуацијата.

– Околу пет илјади руски туристи се наоѓаат во моментов во Турција, каде пристигнале или самостојно или во група, изјави директорот на Ростуризам, Олег Сафонов.

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Путин: Русија ја споделува вашата тага