Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази уверување дека Русија и Украина можат да постигнат договор, наведувајќи дека Москва е подготвена да продолжи со трилатералните преговори за да се дојде до конечен мировен договор.

„Целта на трилатералните преговори ќе биде постигнување договор за обезбедување на идната безбедност и на Русија и на Украина“, изјави Путин, пренесува „РИА Новости“.

Коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата подготвеност да се откаже од територии, Путин за порталот „Вести“ изјави дека тоа не се украински територии, туку историски руски територии.

Путин истакна дека луѓето што живеат на овие територии гласале за државна независност и за повторно обединување со Руската Федерација.

„Сметам дека е несоодветно да се зборува за какви било територијални загуби“, наведе Путин.

Во средата, Зеленски изјави дека Украина би се согласила на мировен договор со Русија, под услов тој да подразбира губење на приближно 25 отсто од нејзината територија.

Би можело да ве интересира

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови