Рускиот претседател Владимир Путин смета дека треба да биде онаков каков што сака да го гледа народот на Русија, а не Западот, јави ТАСС.
Путин ова го изразил во разговор со германскиот новинар Хуберт Зајпел, чиј дел денеска беше објавен од руската телевизија НТВ во емисијата „Нови руски сензации: Тоа е Путин“.
– Не, не, јас треба да сум онаков, каков што сака да ме гледа народот, одговори Путин, кога Зајпел му предложи „да биде како Западот и да ги прифати западните правила“.
На прашањето зошто Западот има негативен однос кон него Путин одговори дека тоа е поради страв.
Зајпел на 6 јуни на фестивалот на книгата „Црвениот плоштад“ го претстави своето дело „Путин: логиката на власта“, напишана врз основа на лични средби и разговори со претседателот на Русија. Новинарот е и автор на документарниот филм „Јас, Путин.
Портрет“. Во период од неколку недели авторот го придружувал Путин на патувања низ Рузија и направил голем број интервјуа со него.