А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Путин: Силите за специјални операции се ударната сила на Русија

by А1он27/02/2025 - 14:38336
Share0

Припадниците на силите за специјални операции дејствуваат храбро и решително и на линијата за контакт и зад непријателските линии, докажувајќи на дело дека за нив нема невозможни наредби, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Добивај вести на вибер

Тој им го честиташе професионалниот празник на припадниците на силите за специјални операции, истакнувајќи дека достојно ги множат легендарните традиции на руските специјалци и дека веќе испишале нови светли страници во поглавјето на воената слава на Русија.

„Војниците и офицерите на силите за специјални операции без одлагање дојдоа на помош на жителите на Крим и Севастопол во 2014 година. Денес, вашето борбено искуство, обука и технички арсенал играат клучна улога во специјалните воени операции. На контактната линија и зад непријателските линии, на фронтовите и во пограничните области, делувате храбро и решително, уште еднаш докажувајќи дека ниедна мисија не е невозможна за вас“, рече Путин во видео обраќањето по повод Денот на силите за специјални операции.

Рускиот лидер им се заблагодари на припадниците и ветераните на силите за специјални операции за нивната храброст и професионалност во извршувањето на најтешките борбени задачи.

Претседателот истакна дека од првите денови „обучени, докажани и искусни борци“ се приклучија во редовите на силите за специјални операции.

putinruski specijalci

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 10:22

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Предраг Петровиќ13/03/2026 - 21:34

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34

Трамп итно му се јавил на Путин

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 20:54

Путин му порача на новиот ирански лидер: Вашата земја се соочува со вооружена агресија

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен