Путин се сретна со Пригожин, разговараа за состојбата на бојното поле и за бунтот од 24 јуни

Од:

Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, е во Москва од 1 јули, објави францускиот медиум Либерасион, повикувајќи се на западни разузнавачки служби. Според извештајот, Пригожин бил во Кремљ и разговарал со Путин за судбината на Вагнер.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска потврди дека Пригожин и Путин се сретнале на 29 јуни. Тој вели дека средбата траела три часа и на неа учествувале 35 лица.

„Во тричасовната средба со 35 лица, двајца команданти на единицата Вагнер му кажаа на Путин дека ќе продолжат да се борат за него“, тврди Песков.

„Путин ги покани на состанокот сите команданти на Вагнер и раководството на приватната армија, вклучително и самиот Пригожин. Претседателот ги оцени активностите на Вагнер на бојното поле, а исто така даде и своја проценка за настаните од 24 јуни. Претседателот ги слушаше Вагнерците и им понуди различни можности за вработување“, рече Песков.

Пред неколку дена белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Пригожин е во Русија и дека допрва треба да се реши прашањето за преместување на илјадници негови борци во Белорусија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ