Путин се појави во јавност по два месеца работа од дома

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на свеченоста по повод државниот празник Денот на Русија, во спомен на 12 јуни 1990 година, кога е прогласена Декларација за државен суверенитет на Руската Федерација.

Ова е прв јавен настап на Путин откако објави воведување рестриктивни мерки во земјата поради спречување на ширењето на новиот коронавирус пред повеќе од два месеца.

Тој присуствуваше на подигнувањето на државното знаме во меморијалниот парк во Москва, а потоа и на свеченото врачување признанија. Тој не носеше заштитна маска, како ни повеќето добитници на наградата „Херој на Русија“, на кои претседателот им ги врачи признанијата.

Путин зборуваше за „илјада години историска голема слава и гордост, храброста на предците и нивната љубов кон земјата“.

Во својот говор посебно ги поздрави здравствените работници, заблагодарувајќи им се на нивната храброст и пожртвуваност.

67-годишниот руски претседател последен пат е виден во јавност во март, кога присуствуваше на состанокот на бизнисмени по објавувањето на делумниот прекин на работата на економијата поради епидемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина