Путин се обидува да спречи побуна во Русија тврдат британските разузнавачи

Од:

Британското воено разузнавање во денешниот извештај се фокусираше на новиот руски закон за „странски агенти“, кој Кремљ ќе го користи за да ја задуши критиката за војната во Украина. Тие потсетуваат дека Владимир Путин го промени законот кој е на сила од 2012 година, така што личните податоци, вклучително и адресите, т.н. на „странски агенти“ може да се објават јавно, што значи дека се изложени на вознемирување. Законот стапува на сила од утре.

Претходно, законот беше ограничен на поединци и институции за кои Кремљ тврдеше дека добиле финансиска поддршка од странство. Но, сега законот ги опфаќа сите оние за кои власта оцени дека се под „влијание или притисок“ од странство.

„Кремљ најверојатно дејствува превентивно за да спречи поголем бунт во Русија, имајќи предвид дека конфликтот во Украина продолжува и се повеќе влијае на секојдневниот живот на Русите“, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ