Путин: САД се единствената земја која некогаш користела нуклеарно оружје

Од:

„Западните нации со децении велат дека на светот му носат демократија и слобода, но вистината е спротивна. Наместо слобода, тие уништуваат. Западниот светски поредок е лицемерен и полн со лаги. САД се единствените земја која некогаш користела нуклеарно оружје во војна. САД и Велика Британија  за време на Втората светска војна, ги срамнија со земја Дрезден, Келн и Хамбург, без никаква потреба. Така сакаа да го заплашат СССР“, рече Путин.

„Колективниот Запад се плаши од нашата филозофија и затоа се обидува да ги убие нашите филозофи. Западот направи цели народи зависници од наркотици. Организира лов на луѓе како да се животни“, рече Путин.

Владимир Путин прогласи анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, припојувајќи кон Русија 15% од територијата на Украина. Зборувајќи на церемонијата во Кремљ, Путин свечено објави дека Русија има четири нови региони.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец