Путин: Руската економија е четврта во светот, прва во Европа

Од:

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија во однос на паритетот на куповната моќ сè уште е на четвртото место во светот и на првото место во Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со пратениците на Државната дума.

„Русија сè уште е на четвртото место во светот во однос на паритетот на куповната моќ, по Кина, САД и Индија. Четврто. И прво во Европа“, прецизираше Путин.

Зборувајќи за стапката на раст на руската економија, шефот на државата истакна дека сè уште постојат ризици од зголемување на инфлацијата.

„Ние сме и пред Европската Унија во однос на стапките на економски раст. Но, секако, би сакале повеќе. Секако. Сепак, постојат ризици, ризици од зголемување на инфлацијата и последиците поврзани со тоа“, рече рускиот лидер.

Покрај тоа, сегашната политика нуди значајни предности, додаде тој.

„Која е оваа клучна предност? Тоа е отпорноста на рускиот економски и финансиски систем, тоа е најважното нешто. Отпорноста ни овозможува да решаваме разни прашања, како и да работиме на развојот на индустријата како целина, вклучително и одбранбениот сектор, и на решавањето на социјалните прашања“, заклучи Путин, пренесува „Спутник“.

Путин одржа состанок со пратениците по последната пленарна седница на Државната дума од осмото свикување. Рускиот лидер, исто така, им се заблагодари на пратениците на Државната дума за нивната ефикасна работа, зајакнување на државниот суверенитет и заштита на националните интереси на земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски