Путин: Русија во 2014 година продала оружје во вредност од 15 милијарди долари

Од:

Русија во текот на 2014 година продала оружје во вредност од над 15 милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од британските медиуми.

Тој притоа додаде дека веќе се склучени нови договори за приближно 14 милијарди долари.

Русија е вториот најголем извозник на оружје во светот, по САД.

Путин додаде дека Русија минатата годниа извезла воена техника во повеќе од 60 земји во светот, и тоа во време кога нејзините врски со Западот беа сведени на минимум, пред се, заради конфликтот во Украина.

– Русија ќе го шири своето присуство на перспективни пазари за оружје, како Азиско-Тихоокеанскиот регион, Африка, Латинска Америка и Карипскиот басен, забележа рускиот претседател во Кремљ на седница на комисијата за воено-техничка соработка со други држави.

– Русија е надежен и предвидлив партнер на светскиот пазар на оружје и не го ставува реализирањето на своите обврски во зависност од актуелната политичка коњуктура, подвлече тој.

Според Путин, извозот на високотехнолошки воени производи има важно значење за Русија, особено во сегашната сложена геополитичка ситуација. Тоа е важно за модернизирањето на производството на одбранбената индустрија и помага во решавањето на многу социјални прашања, посочи Путин.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски